Пеколни горештини и денес: Временска прогноза за следните неколку дена
Деновиве пред нас носат прилично топло време.
Пеколни горештини со висок УВ индекс и температури до 40 степени се очекуваат и овој понеденик, но и во следните неколку денови.
УХМР посочува дека во Скопје максималната дневна денес ќе биде 37 степени, додека на југ се очекуваат високи над 40 степени.
Освежување и нестабилност се очекува дури во среда и четврток кога ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места.
Слично
