Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пехчево заживува, организирана велосипедска OFF-ROAD тура „Пехчево на точак“

Пехчево заживува, организирана велосипедска OFF-ROAD тура „Пехчево на точак“

Во Пехчево со роди интересна идеја. Имено, се работи за организирана велосипедска OFF-ROAD тура „Пехчево на точак“ која е во организација на Општината и хотел „Гогов“. Патеката е долга 30 км, а вело-турата ќе се одржи на 19 мај.

– Скоро сѐ е подготвено за големата велосипедската тура „Пехчево на точак 2018-та“. Оваа исцрпувачка и авантуристичка тура за велосипедисти, која се вози по падините на Малешевските планини, од пехчевска страна е исклучително тешка и не се препорачува за почетници. Турата почнува на19 ти мај во 9 часот, а стартот е од плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево. Во турата може да учествува секое полнолетно лице кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински терен. Искуство мора да има. Важно е да се подготвени и физички и психички, да има соодветна опрема, кацига, подготвен велосипед, истакна Душко Стефановски од Хотел Гогов.

Тој додаде дека секој учесник во турата, вози на сопствена одговорност, според своите можности и е лично одговорен за евентуалните несакани последици.

– За секој од учесниците пред поаѓање ќе има „ланч пакет” (за во ранец) со сендвич, вода, овошје и магнезиум. Освежување ќе има и на пункт на втората половина од патеката со вода и сокови, ќе има и медицинска помош и возила кои ќе ги следат учесниците. На целта во центарот на Пехчево во кафе бар „Ким “ ќе има забава со музика во живо и коктел за сите учесници на настанот, додава Стефановски.

Од општина Пехчево апелираат учесниците да го почитуваат кодексот на однесување во планина, односно да не се фрла ѓубре и да не се пали оган.

Пријавувањето на учесниците е најдоцна до 14 мај кај организаторите.


Слично

Поврзани вести