Економија, финансии, бизнис

Контакт

Педофил од Пирава повеќе пати нападнал 8 годишно девојче

Педофил од Пирава повеќе пати нападнал 8 годишно девојче

Педофил од селото Пирава е пријавен дека повеќе пати сексуално нападнал 8 годишно девојче од Валандово. 

Во Полициска станица Валандово, вчера во 11:30 часот, 41-годишна жителка од Валандово пријавила дека  55-годишен маж од село Пирава, во повеќе наврати во период од еден месец, извршил  полови дејствија врз нејзината осумгодишна ќерка.  И втората ќерка на пријавителката, 15-годишна малолетничка, им раскажала на родителите дека истото лице  во неколку наврати се обидел истото да и го направи и на неа, но таа успеала да избега. 

Од МВР информираат дека се преземаат потребните мерки за расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести