ПЕДЕСЕТГОДИШНА ТЕТОВЧАНКА ЗАД РЕШЕТКИ: уапсена поради трговија со марихуана, нејзиниот син избегал
Педесетгодишна тетовчанка е уапсена за наедозволена трговија со дрога. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во домот на уапсената најдена е марихуана, вага, дробилка и пати.
При апсењето, синот на уапсената тетовчанка избегал од домот, а министерството најавуваат понатамошна акција, по што ќе следат пријави.
- На 22.06.2024, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово ја лишиле од слобода С.М.(50) од Тетово. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка и пари.
С.М. била приведена во полициска станица, додека нејзиниот син Б.М.(21) го напуштил местото. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави - се наведува во соопштението на МВР.
