Педесет годишна жена се удави во река
Педесет годишна жена во саботата околу 21 часот се удави во река, а нејзината мајка, која била со неа, не успеала да ја спаси.
М.Р. (70) со нејзината ќерка Н.Р. излегле од дома и се упатиле на м.в. „Сисвети“. При обид да ја поминат реката Н.Р паднала во водата, а нејзината мајка се обидела да ја извлече, но не успеала. М.Р. побарала помош во најблиската куќа, а лицето М.М. (40) со уште две лица ја пронашле Н.Р. која не давала знаци за живот. Истата ја ставиле во ќебе и со возило ја однеле во нивната куќа, каде матичниот лекар констатирал смрт без видливи знаци за насилство.
Случајот во ПО Ростуше го пријавил братот на удавената жена Р.Ш. (47) од село Скудриње
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Гостивар. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на семејството за погреб.
