Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕДЕСЕТ ГОДИНИ УСПЕШНА РАБОТА: Ѕирнете кој ќе настапи за јубилејот на ООУ „Ј.Х.Песталоци“

ПЕДЕСЕТ ГОДИНИ УСПЕШНА РАБОТА: Ѕирнете кој ќе настапи за јубилејот на ООУ „Ј.Х.Песталоци“

Со дводневна програма во училишиот двор на основното општинско училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар ќе се одбележи педесет години успешна образовна работа.

Денес и утре со приредба на учениците, настап и обраќање на гостите ќе се одбележи јубилејот на училиштето. Ќе има и забава на сегашни и поранешни ученици и наставници. По повод јубилејот, ќе настапат Џон Илија Апелгрин, Гаро, Тони Китановски, „Бандикс“ но исто така и поранешни ученици и два млади бендаа од учениците кои сеуште учат во училиштето.

По повод пет децении успешна работа, општината издаде монографија на училиштето наречена „Pestalozzi", на авторот Кочо В Костов, и е посветена на објектот во кој е сместено ова основно училиште.

„Овој објект се смета за невообичаен по многу нешта, првенствено по својата уметничка, поточно архитектонска вредност, но уште повеќе по фактот дека претставува иновација од областа на асеизмичката изградба. Истовремено, тој објект е многу повеќе од само училишна зграда, тој е симбол на квалитетно образование и воспитување, но и симбол на солидарноста и трајното поврзување на Швајцарија и Македонија“, објаснува Костов. 

Во 1969 година, на роденденот на швајцарскиот педагог Јохан Хајнрих Песталоци, чие име го носи училиштето, официјално се отвараат вратите за првите ученици.
Слично

Поврзани вести