Економија, финансии, бизнис

Контакт

Печат очи, боли глава од загаденоста: Скопјани и битолчани се гушат

Печат очи, боли глава од загаденоста: Скопјани и битолчани се гушат

Те пече на очите, на грлото, те гуши, ти се врти. Нема граѓанин на Скопје кој вечерва не се почувствува лошо. Концентрацијата на штетните ПМ честички во воздухот во моментов е по десетина пати над дозволеното во повеќе населени места во градот. Граѓаните се жалат на социјалните медиуми, а податоците кои ги објавуваат официјалните мерни станици ја зовриваат психозата.

Скопје и некои населби во главниот град се едни од најзагедните во Европа во моментов.

Најзагадени се 11 Октомври, Миладиновци, Аеродром, а високо отстапување покажува и мерната станица кај Ректорат. Според мерните станици загаденоста надминува 300 микрограми на кубен метар, што е околу шест пати на дозволеното.

Загаден е и градот Битола.


Слично

Поврзани вести