Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕЦАКОВ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ОХРИД - градноначалникот највува втор мандат

ПЕЦАКОВ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ОХРИД - градноначалникот највува втор мандат

Историска победа!!!

Ви благодарам Охриде!!

Од утре уште појако одиме!

Ова го објави актуелниот градоначалник на општина Охрид, Кирил Пецаков на неговиот Фејсбук профил. 

Еве ја неговата објава. 

Со ова Пецаков си најавува втор мандат како градоначалник на нашиот бисер. 

Пецаков е роден на 06.07.1985 во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид, а високо образование завршува на Стоматолошкиот факултет „Св. Пантелејмон“ Скопје. Специјализира на Стоматолошкиот факултет „Св. Пантелејмон“ Скопје и се стекнува со називот Специјалист по детска и превентивна стоматологија.

Во два мандати е дел од Советот на Општина Охрид од 2009 – 2013 и од 2017 – 2020. Од 2020  до 2021 година е пратеник во Собранието на Република Македонија.

Од 31.10.2021 година е градоначалник на Општина Охрид.

Тој е сопруг и татко на две малолетни деца.

Пецаков пред медиумите рече дека според податоците со кои располага партијата ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за историска победа со предност од повеќе од десет илјади гласа пред противкандидатот од СДСМ, како втор кандидат според добиените гласови. 

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата рече дека и резултатите за советничките листи го следат резултатот за градоначалник, односно предност некаде 3,4 наспроти еден во однос на СДСМ, но оти за бројот советници во идниот општински состав ќе треба да се почека на конечните резултати. 

- Им благодарам уште еднаш на охриѓани на историската, би рекол референдумска поддршка што ми ја дадоа. Начинот и динамиката на спроведените проекти изминатите четири години сега ќе бидат уште на повисоко ниво...Секако дека тука се капиталните проекти кои се започнати, како катната гаража и Плоштадот кај Чинарот кои се тендерски завршени, ќе бидат првите што ќе почнат со градба во наредниот период, а нормално динамиката на работа и поддршката на сите сектори ќе продолжи без исклучок, рече Пецаков. 

Тој дополни оти му е драго што граѓаните на Охрид го препознале воведениот начин на работа, но оти тоа му претставува обврска повеќе да ја следи таквата насока и одговорност да ја оправда довербата.

Слично

Поврзани вести