ПЕЦАКОВ ПРЕЧЕКАН СО ОГНОМЕТИ: „Охрид не запира, од утре продолжуваме со поголема енергија“
Кандидатот за градоначалник на Охрид кој освои нов мандат, Кирил Пецаков, со огномети беше пречекан на прославата за победата во градот.
„Драги Охриѓани, ви благодарам! Вашата огромна поддршка е потврда дека сме на вистинскиот пат и најсилен мотив за уште повеќе работа. Заедно го направивме вистинскиот избор, а нашата цел е јасна: Охрид да биде уште поубаво место! Охрид не запира повеќе! Ви благодарам од сѐ срце! Од утре, со уште поголема енергија, продолжуваме да работиме посветено за нашиот град“, напиша тој на Фејсбук.
Слично
