ПЦР тест да, но не и карантин по влезот: Данска не стави во жолта листа
ПЦР тест е потребен но нема да има карантин и нема двојно тестирање - данското Министерство за надворешни работи ги смени правилата за влез на патници од Македонија со тоа што нашата земја ја тргна од портокаловата листа и ја додаде на жолтата листа за ризик од коввид-19. Освен Македонија „преместени“ се и Албанија, Либан и Србија. Одлуката следува по падот на бројот на заболени во сите нив на национално ниво. Од 19 јуни, патниците од овие земји ќе можат да влегуваат во Данска без да одат во карантин и без двојни тестирања за ковид-19, пренесе порталот SchengenVisaInfo.com.
За државите од жолтата листа, сепак, останува непроменет условот да се тестираат пред да влезат во земјата.
Исто така, неколку региони на Грција, Шпанија, Франција и Швајцарија, се додадени на жолтата листа.
Во соопштението на данското МНР се додава дека ниту една земја не се додава од жолтата во портокаловата листа.
