Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пчиња се излеа кај Меморијалниот центар АСНОМ и кај бања Стрновац

Пчиња се излеа кај Меморијалниот центар АСНОМ и кај бања Стрновац

Центарот за управување со кризи извести дека е добиена информација дека на подрачјето на с. Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за околу 20 сантиметри.

„Во моментот, излевањето не зафаќа куќи или викендици. Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на реката Пчиња“, велат од ЦУК.

Додаваат дека за состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое ќе постапи согласно своите надлежности.


Слично

Поврзани вести