ПЧЕНИЦА, НАФТА, ЛЕКОВИ, МЕДИЦИНСКИ ПОМАГАЛА – Владата утврди најмали количини кои мора да се чуваат во стоковите резерви
Владата одреди колкави количини на резерви од производите кои се предвидени да бидат дел од стоковите резерви треба да се чуваат. Со новиот предлог закон кој веќе е во Собрание, се предлагаат количини кои би биле доволни на среден рок.
- Со оваа среднорочна програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2026 - 2030 година, согласно Законот за стоковните резерви, се утврдува видот и количината на стоковните резерви. Стоковните резерви се формираат од производи кои се од исклучително значење за животот на населението во Република Северна Македонија, ги сочинуваат: пченица, пченка, јачмен, оризова арпа, прехранбена сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови и медицински средства– се појаснува во законското решение.
Во него законот е дефинирано декарезервите на пченицатреба да достигнуваат ниво со кое ќе се покријат потребите за населението за најмалку 120 дена. Количините на резерви на пченка (добиточна) треба да бидат за минимум 30 дена, додека количините на јачмен (добиточен) треба да ги покријат потребите за најмалку 60 дена. За ист период треба да има и резерви на оризова арпа, прехранбена сол и сурово сончогледово масло. Проекциите се прават врз основа на податоците за потребните количини на одделни земјоделскопрехранбени производи во Македонија добиени од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.
Што се однесува пак до индустриски стоки кои се предвидени со закон, како што се нафтените деривати, со новото законско решение се предвидува дека сите типови бензин, како и дизел и мазут, и тоа од секој дериват одделно ќе има во стоковите резерви количини за пет дена, пресметано според податоците за реализирана потрошувачка на нафтени деривати во Македонија добиени од Државниот завод за статистика или Енергетскиот биланс на РС Македонија.
- Заради спремност за брзa интервенција од стоковните резерви, 0,5% од стоковните резерви на пченица може да се чуваат во вид на брашно Т-500. Заради полесно чување и одржување, оризот ќе се чува во вид на оризова арпа. Како ориз може да се чува максимум 2% од вкупната количина на оризова арпа во стоковните резерви– се напоменува во предлог законот испратен во Собранието.
Заради полесно чување и одржување, маслото за јадење ќе се чува во вид на сурово сончогледово масло. Како рафинирано масло за јадење може да се чува максимум 2 отсто од вкупната количина на масло во стоковните резерви.
Во резервите е предвидено дека ќе се чуваат и лекови и медицински средства според листа која Владата ја утврдува секоја година.
- Структурата и количините на лекови и медицински средства во стоковните резерви ги предлага Министерството за здравство и се димензионираат така што да обезбедат опфаќање на сите неопходни лекови по фармакодинамски групи кои ги покриваат потребите на населението во воена, вонредна состојба и елементарни непогоди, сметајќи ги тука и серумите, дијагностиците и вакцините кои ќе се набават со пресметан ризик дека не ќе можат да бидат потрошени во рок на траење, како и потребните лекови и медицински средства кои произлегуваат како обврска на Република Северна Македонија од меѓународни договори ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија, како и од членство во меѓународни институции и сојузи од областа на одбраната и здравството– се појаснува во законот.
П.О.
