Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЦЕР најавува протести ако не се исплати социјална помош

ПЦЕР најавува протести ако не се исплати социјална помош

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денеска најави дека ќе организира протести доколку за брзо време не се исплати целосно долгот кон граѓаните кои примаат социјални трансфери, социјална помош, постојана парична помош, туѓа нега и други трaнсфери.

„Остануваме доследни на тоа ветување. Според наши сознанија, Министерството за труд и социјална тешко ќе може да ја исплати социјалната помош, затоа што касата на МТСП е празна. Немаат исплатено надоместок за електрична енергија на социјалните случаеви веќе подолг период, а доцни и исплатата за инвалидните организации“ - велат од партијата.

Ги предупредуваaт пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да прекинат со циркусот реплика на реплика во Собранието, да се коституира Собранието, да се избере претседател и се формира влада  за да профункционират институциите  и да не дојде до тотална блокада. 

Слично

Поврзани вести