ПЦЕР има докази и бара одговорност за насилниците, Мукоски и Василески
Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) најостро реагира на она што се случи на 27 април.
Од партијата на Самка Ибраимовски посебно го осудуваат самоволието на двајцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василески, да ги отворат вратите на законодавниот дом и да ги пуштат платените затвореници тепачи да ги тепаат пратениците.
„Одговорност мора да има. Има камери во Собранието и ако се утврди дека навистина е така, треба веднаш да им се укине имунитетот и од нив да се побара кривична одговорност. Според наши партиски сознанија, сето ова било режирано, кој да ги отвора вратите, кој да ги носи тепачите кај пратениците, кој наводно ќе ги бранел. Тоа што го видовме на видео снимките на скалите, внатре во Собранието, како полицајците ги пуштаат тие што треба да ги тепаат пратениците, беше капак на сè. Ние имаме докази, видео снимки, со кои ќе докажеме дека сите учесници на оваа организирана банда треба да одговараат“ - соопшти ПЦЕР.
Од ПЦЕР порачуваат дека на потег се МВР и Обвинителството кои мора правично да постапат.
