Пазарната инспекција продолжува со затворање на угостителските објекти: Кафулето Шенде Вере во Тетово го запечатено во наредните 10 дена
По извршена
контрола на угостителски објекти во Тетово, Пазарниот инспекторат го затвори кафулето
Шенде Вере за пречекорување на работното време. Директорот на Инспекторатот,
Дтојко Пауновски за Фактор изјави дека објектот ќе биде запеќатен во наредните
десет дена, бидејќи догласно загонот, ако одреден угостителски објект го
пречекори работното време половина час од дозволеното, казната е 10 дена
забрана за табота.
-Во Шенде Вере нашите инспектори влегле во 1.25 по полноќ, по што е утврдено прекршување на работното време од 25 минути, а тоа значи заврана за работа во времетраење од 10 дена. Ако времето било пречекорено повеќе до половина час, а нагмногу до еден час од дозволеното час, ќе имаше забрана за работа од 20 дена. Над еден час пречекорување на работното време е казна од 30 дена забрана за работа, вели Пауновски.
Истовремено тој најави дека кафулето „Симпл“, исто така во Тетово, во кое имаше инцидент меѓу инспекторите со лице кое се претставувало како советник на премиерот Зоран Заев, а кои утврдија прекршување на работното време, ќе биде запечатено во четврток.
-Постапуваме законски. Во рок од три дена ќе го затвориме и „Симпл“. Таму имаше инцидент во кој нашите инспектори беа буквално нападнати од насилно и многу пијано лице кое се претставувало како советник на Заев. Тој навистина бил негов советник во претходната гарнитура, а сега не знаеме дали е така. Веднаш дошла полиција, го привела, а до раните утрински часови останале и инспекторите кои давале изјави за инцидентот, вели Пауновски за Фактор.
А.Б.