Пазарна инспекција интервенирала и на базен во Виница и ноќен клуб во Прилеп
Државната пазарна инспекција во текот на изминатите 24 часа интервенирала и во базен во Виница и во ноќниот клуб „Калипсо“ во Прилеп. Ова дополнително го потврди Мери Продановска, гласноговорникот на ДПИ, по информацијата дека има пријава за ноќниот клуб „Аватар“ од Струмица.
Таа не потврди за кој базен станува збор и дали е тој градскиот во Виница или пак некој друг, додека „Калипсо“ важи за еден од најпознатите ноќни клубови, кој затворил кратко пред да дојдат инспекторите.
„Екипи интервенираа во Виница во базен кој не ги почитувал протоколите, а екипа од Ботола се упати во Прилеп во „Калипсо“ кој беше затворен пред пристигнувањето“, рече Продановска.
Таа најавува дека од утре инспекцијата ќе биде многу поподготвена.
