Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПАЗАРЕЊЕ СО МЕНЕ НЕМА, НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ“: градоначалникот на Бутел револтиран од однесувањето на ДУИ и Вреди

„ПАЗАРЕЊЕ СО МЕНЕ НЕМА, НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ“: градоначалникот на Бутел револтиран од однесувањето на ДУИ и Вреди

Нерационалните одлуки доаѓаат од крајна слабост, напиша денеска градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски кој истакна дека во советот на општината само претставниците на албанските националности гласале против нови градби или завршување на почнати објекти, кои биле планирани во општината.

- ДУИ И ВЛЕН БУТЕЛ, ГЛАСАА ПРОТИВ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ГРАДЕЊЕ:

Нова детска градинка во Бутел 2

Водовод во Љуботен

Еден милион евра инвестиции во Скопје Север

Фасада на ООУ Петар Здравсковски Пенко

Нови улици во Љуботен и Визбегово

Нов спортски центар кај ударници во Бутел 1

Против 5000 денари за секое новороденче !!!

Против доделување парична помош на ранливи категории на луѓе

Против стипендирање на најдобрите!

Не гласаа за развој на општината со изговор дека немало рамномерен развој, ова што го набројав е во средини каде што живеат етнички албанци. Сигурен сум не можеле ниту да замислат дека сето ова ќе стане реалност.

Нерационалните одлуки доаѓаат од крајна слабост, слаби се на тоа што гледаат како се пишува историја пред нивните очи, а тие на избори со цела сила сакаа тоа да го спречат. Ќе им остане само на обид, народот гледа и знае.

Пазарење со мене нема, не се обидувајте. Требаше до сега да ја научите таа лекција. Не очекува најуспешната година за Општина Бутел - истакна на крајот од објвата градоначалникот Костовски. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести