Пазарџиите од Глобал бараат донации, им сметале политичките препукувања
Политичките препукувања не се потребни во овој момент. Не треба да се долева бензин на огнот кој беснееше и кој беше изгнаснат. Ни треба солидарност и сплотеност во овој момент, за да може сите заедно да го изградиме повторно нашето работно место, велат пазарџиите од ТЦ Глобал кој беше зафатен од голем пожар
„Ги замолуваме политичките партии да не го користат пожарот во Глобал да добиваат поени кај своите симпатизери и активисти зошто со тоа не ни помагаат на нас, жртвите на настанот. Доколку сакаат да покажат со прст кон кривецот за настанот, замолуваме да се почекаат резултатите од истрагата која е започната и институциите да го кажат тоа.
Во понеделник ќе биде отворена сметката за донации за санација на ТЦ Глобал, а ќе започнат и активностите со чистење на објектот. Согласно ова, ги замолуваме сите оние кои вистински сакат да ни помогнат, да го направат тоа на некој од овие два начини. Само вака, ќе покажете дека стоите до нас, рамо до рамо во оваа несреќа, стои во соопштението од Здружението на тезги од Глобал.
