Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павлопулос со порака кон Македонија како да се однесува ако не сака блокади

Павлопулос со порака кон Македонија како да се однесува ако не сака блокади

Во однос на ПЈРМ ја поддржуваме нејзината европска перспектива. Но, за оваа перспектива предуслов е, од нејзина страна, целосно и искрено почитување на европско законодавство во целост, односно меѓународно право во целост, а особено Договорот од Преспа, кој мора да се толкува и да се применува според неговата содржина и духот, на начин што не остава ниту трага од иредентизам, изјави грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос. 

Тој ова го кажа за време на средбата во Загреб со неговата хрватска колешка, Колинда Грабар-Китаровиќ.

Павлопулос на средбата говореше за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, но се задржа посебно на секој од соседите на Грција.

„Според тоа, секоја спротивна тактика, очигледно дека ќе го блокира напредокот во европската интеграција на ПЈРМ“, вели Павлопулос.

Тој изјави дека Грција, Хрватска, Бугарија и Романија како земји членки на ЕУ од регионот, треба да ја поддржат европската интеграција на Западен Балкан, затоа што тоа, „несомнено е гаранција за мирен соживот и заеднички креативен тек на државите и народите од нашиот регион“.

Павлопулос и претходно велеше дека нема да прифатат своеволно толкување на Договорот од Преспа. 

Тој изјави претходно дека со Договорот од Преспа не се признава македонска нација. Пред да се потпише договорот велеше дека Македонија е една и е грчка. 

Слично

Поврзани вести