Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павлопулос: Македонија шири иредентизам и нема да стане дел од европското семејство

Павлопулос: Македонија  шири иредентизам и нема да стане дел од европското семејство

Македонија нема да стане дел од европското семејство сè додека инсистира да го користи само тоа име и да шири иредентизам, изјави грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, во говор пред грчката Академија за одбрана. 

За него ставот на Македонија да се инсистира името да биде само „Македонија“, е „провокација и фалсификување на грчката историја“.

„Европското право ги исклучува кандидатите држави кои на каков било начин го оспоруваат статусот кво на границите на државите членки на ЕУ“ – рече тој. 

Павлопулос и претходно, повеќепати изјавуваше дека „Македонија е една и грчка“, дека инсистирањето на името директно задира во територијалните граници и порачуваше дека ако македонската влада не направи компромис, ќе остане надвор од европското семејство.

Лани тој даде неколку изјави кои се провокација за Македонија. 


Слично

Поврзани вести