ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ СО ПРЕДЛОГ ЗА ПРОМЕНА НА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ: Да се изгради и систем за да се открие имотот на политичарите
Лидерот на
Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов, кој е повторно пратеник во Собранието по
еден мандат пауза, денеска како прв од собраниската говорница побара промени во
политичкиот систем во земјава, со цел негова деморатизација.
Смета дека треба да се остави можност претседателот на државата да може да го распушта Парламентот, а не како што е принципот во Македонија согласно кое Собранието само се распушта.
Според Трајанов треба да се преиспита и Бадентеровото правило на одлучување кој се применува во парламентот и во други институции, со цел заштита од мајоризација на помалите етнички заедници, а истовремено побара воведување една изборна единица, без изборен праг и со отворени листи.
Тоа што предизвика внимание е неговото барање да се изгради систем за детекција на скриен имот на политичарите.
-Октоподот треба да се удри со чекан по глава за да не ја изеде политиката, истакна Трајанов.
