Павле Трајанов не очекувал дека БЕСА ќе направи трансфер
Ваков пресврт не се очекуваше од БЕСА, вели претседателот на Демокатски сојуз, Павле Трајанов.
Според Трајанов, новото парламентарно мнозинство е вовед во предвремени парламентарни избори.
„БЕСА беше на избори заедно со СДСМ и други политички партии, тие пратеници 4 сега дали се потенцијал на БЕСА или не, тоа никој не може да го процени. И јас порано имав став околу трансферот на пратеници. Партиите што биле со нас на изборите можат да ја менуваат страната полесно, меѓутоа партиите што сме биле заедно мислам дека, тој трансфер да се прифаќа од една страна на друга, не е морално, и за мене тоа е неприфатливо“, рече претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов во гостувањето на ТВ21.
Слично
