ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НЕ ГИ ПУШТА КОЛЕГИТЕ ПРАТЕНИЦИ И МИНИСТРИТЕ НА ОДМОР - во јули и август да се носат корисни закони
Партијата на Павле Трајанов, Демократски сојуз, предлага пратениците и министрите во текот на јули и август наместо на одмор - да работат.
Ова би се направило се со цел овој период да се искористи за подготовка и носење на закони за непречена работа на компаниите, подготовки за враќање на учениците и студентите на училиштата и факултетите и спроведување на реформи неопходни за имплементација на стандардите на Европската унија.
„Летниот период треба да се искористи и за изградба на заокружен и ефикасен систем за борба против тешките облици на криминал и високата корупција, борба против урбаната мафија и мафијата која и натаму остварува високи профити со продажба на канцерогени нафтени деривати, како и депонирање на опасен отпад. Мора да продолжат реформите во судскиот систем, како и донесување на посебна програма за департизација на службите за безбедност и администрацијата“, велат од ДС.
ДС смета дека поради пандемијата многу реформи доцнат и дека само со дополнителни напори и работа може да опстоиме на патот кон ЕУ и да се создадат подобри услови за работа и подобар живот за сите граѓани.
