Павле Трајанов бара оставки од пратениците кои ги тргнаа заштитните пречки од вратата во Парламентот
Демократскиот сојуз инсистира пратениците кои ги тргнаа заштитните пречки од вратата на главниот влез во Парламентот и од каде влегоа протестантите, веднаш да си поднесат оставка.
Тоа е нивна морална обврска и одговорност, додаваат од партијата на Павле Трајанов.
„Демократскиот сојуз бара темелна истрага и одговорност за сите инволвирани во насилничкото и крваво сценарио насочено против Република Македонија. Демократскиот сојуз бара од МВР и Јавното обвинителство, да спроведат неселективна брза, ефикасна и сеопфатна истрага против организаторите на насилството во македонскиот Парламент, насилство со кое се поткопаа темелите на државата и е во функција на сценариото за целосна дестабилизација и разнебитување на Македонија. Демократскиот сојуз инсистира пратениците кои ги тргнаа заштитните пречки од вратата на главниот влез во Парламентот и од каде влегоа протестантите, веднаш да си поднесат оставка. Тоа е нивна морална обврска и одговорност.
Одговорност мора да понесат и инспираторите, организаторите и директните учесници во овие насилнички процеси“ - стои во соопштението од ДС.
Демократскиот сојуз повикува граѓаните да останат присебни и смирени и да не учествуваат на протести, се со цел да се даде простор на политичкиот дијалог и обезбеди мирен трансфер на власта.
