ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЖЕСТОКО ДО МИЛОШОСКИ: Одвратен е начинот како вмровските пулени се радуваат на бугарското вето
Поранешниот пратеник од СДСМ Павле Богоевски денеска жестоко му возврати на Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој напиша дека од разговорите со неговите европски колеги во Вашингтон, добил сознание дека земјава нема да добие датум за старт на преговорите со ЕУ во декември, а така најверојатно ќе биде и за периодот јануари-јули.
Богоевски вели дека му е чудно како еден пратеник се сити на несреќата на сопствената држава, и се прашува дали тој таму отишол да лобира за или против својата држава.
„Кога го читаш Антонио Милошоски, не можеш да сфатиш дали човекот отишол во Вашингтон да лобира за, или против добивање датум за почеток на преговори со ЕУ.
Одвратен е начинот на кој вмровските пулени се радуваат на бугарското вето.
Не знам што е полошо - ситењето на несреќата на сопствената држава или тоа што тие се "патриотите" на политичката сцена?
Не - дефинитивно, најлошо е што се' уште има луѓе кои веруваат во нивните г*мна.
Одличен проект, Антонио!!1! Бугарија се гордее со тебе“, напиша Павле Богоевски на својот фејсбук профил.
Слично
