Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павле Богоевски: За два пратеници ДУИ можеше да оди во историја, честитки за Апасиев

Павле Богоевски: За два пратеници ДУИ можеше да оди во историја, честитки за Апасиев

Павле Богоевски, поранешниот независен пратеник, напиша дека ДУИ, по првично освоените 15 мандати на предвремените парламентарни избори, има релативно голем број на пратеници и според тоа нема да може да оди во опозиција како што посакуваше коалицијата „Можеме“. 

Еден од водачите на „Шарената револуција“ му го честиташе на Димитар Апасиев влегувањето на „Левица“ во Собраниет. Толкувајќи го последниот статус на Апасиев на Фејсбук „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“, Богоевски смета дека претседателот на „Левица“ со тоа им се заканува на невладините организации и активистите.

„Без разлика на позитивните очекувања и довербата со која влеговме во коалицијата, овие четири години коалицирањето со ДУИ беше многу тешко. Сега, ќе биде уште потешко, а цената за тоа ќе биде уште повисока. А замислете, со еден или два пратеника повеќе - ДУИ можеше да замине во историјата, заедно со Мицковски. Ама ако, ќе почекаме некоја наредна прилика.

Честитки за СДСМ и коалицијата - навистина одличен резултат имајќи ги предвид сите околности и уверен сум дека ќе покажат дека можат уште подобро и уште повеќе.

п.с. Честитки и до Апасиев - со мала напомена - неговите амбиции не завршуваат со два пратеника. Тој нема да запре додека целата држава не му е под малото, фашистичко стопало“ напиша Богоевски во дел од својот последен стату.


Слично

Поврзани вести