Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павле Богоевски: Венко покажа одговорност, браво другар

Павле Богоевски: Венко покажа одговорност, браво другар

Активистот Павле Богоевски, кој своевремено си поднесе оставка од функцијата пратеник откако  беше затекнат во аудио-снимка како купува масло од канабис на црниот пазар, искоментира дека понудената оставка на министерот за здравство Венко Филипче е вистински избор во вистински момент.
„Сите си ја сакаат функцијата, но малкумина ја почитуваат доволно за да отстапат кога тоа го бара интегритетот на истата.

Венко денес покажа одговорност, која често и кај многумина во македонската политика ужасно недостасува.

На хејтерите, ќе им кажам само дека политичка одговорност и вина се две сосема различни работи. Ама не очекувам дека ќе сфатат - никогаш го немаат почуствувано ниту едното, ниту другото.

Браво, другар!!“, му порача Богоевски на Филипче.

Денеска се очекува да се огласи премиерот Зоран Заев и да каже дали е прифатлива оставката на Филипче за Владата.

Слично

Поврзани вести