Павле Богоевски уште не го става Груевски на дневен ред
Павле Богоевски се уште го нема ставено на дневен ред одземањето на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски на комисијата на мандатно-имунитетески прашања чиј претседател е самиот пратеник.
Инаку Богоевски веќе побара одложување на седницата за неколку дена, односно откако ќе заврши комисијата за одбрана. Матичната комисија инаку е известена од спикерот Талат Џафери дека Груевски кој доби азил во Унгарија повеќе од шест месеци не се појавил во Собранието.
Пратенички извори откриваат дека седницата ќе биде закажана веднаш по завршувањето на комисиите што ги работат реформите во безбедноста, закажани за денес, а на кои Богоевски им дава предност.
Богоевски ја потврди автентичноста на аудио снимката и побара да му биде направен нарко тест.
