Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павле Богоевски: Талат Џафери ќе сведочи во интерес на Трајко Вељаноски

Павле Богоевски: Талат Џафери ќе сведочи во интерес на Трајко Вељаноски

Поранешниот пратеник Павле Богоевски во својот последен коментар на Фејсбук напиша дека актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, е повикан од одбраната на неговиот претходник Трајко Вељаноски за да сведочи во интерес на обвинетиот за организирање на крвавите настани на 27 април 2017 во Собранието.

„Талат Џафери, поради работната агенда, не можеше да присуствува на денешното рочиште против Велјановски и останатите организатори на 27ми април.

Повторно, со своето непостапување, тој дејствува во интерес на својот претходник.

Следното рочиште е закажано за 28ми септември. Се надевам дека нема тогаш да излезе уште некој „важен и неизбежен“ состанок.

п.с. Џафери е предложен како сведок на одбраната на Велјановски.“, напиша активистот.

Денеска беше објавена информацијата дека Џафери е повикан како сведок на предлог на одбраната во Основниот кривичен суд во Скопје во рамки на рочиштето за организирање на настаните на 27 април 2017.

Покрај Вељаноски, обвинети за овој случај се уште поранешните министри за транспорт и врски и за образование - Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. 

Предметот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.



Слично

Поврзани вести