Павле Богоевски: Со постигнатиот македонско -грчки договор, за прв пат се нуди најфер и најдобра шанса
Нашето државјанство е македонско, сега и во иднина, а државните симболи како што се химната, знамето и грбот нема да се менуваат, изјави денеска Павле Богоевски, пратеник на СДСМ, кој јавно ги повика денеска граѓаните да излезат на референдум и да гласаат потврдно за Договорот со Грција, за влез во НАТО и ЕУ.
Вели дека Јазикот е обезбеден и признаен во својата изворна форма без никакви фусноти, придавки или додавки.
„Со постигнатиот македонско -грчки договор, за прв пат во историјата на Република Македонија се нуди најфер и најдобра шанса, историски гледано, за обезбедувањето на иднината на сите граѓани на Република Македонија. За прв пат, имаме шанса да навистина сами одлучуваме за сопствената иднината. Со прифаќање на Преспанскиот договор ние ги прифаќаме и неговите придобивки. Со овој Договор, македонскиот идентитет е зајакнат и заштитен еднаш -засекогаш!“- изјави Богоевски.
Со признавањето на овој договор, смета дека за прв пат се отвораат вратите за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, онаму каде што вредносно и цивилизациски припаѓа
