Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павле Богоевски: Шарената револуција ќе продолжи да го бои овој дом, но сега од внатре

Павле Богоевски: Шарената револуција ќе продолжи да го бои овој дом, но сега од внатре

Денес се навршува една година од најголемото граѓанско будење, рече пратеникот Павле Богоевски на денешното 12 продолжение на седницата на Собранието на Република Македонија.

Богоевски рече дека пред една година Ѓорге Иванов се претвори во заштитник на криминалот, аболицирајќи ги функционерите од ВМРО-ДПМНЕ и благдарение на Шарената револуција тие денес се аболицирани политичари.

- Гласавте 130 закони за 24 часа. Се правите патриоти, а преговарате за името зад грб. Шарената револуција ќе продолжи да го бои овој дом, но сега од внатре. Благодарение на Шарената револуција избегнавме демократија по терк на Трајко Вељаноски. Шарената револуција рече „Доста беше страв, доста беше молк“ - рече Павле Богоевски кој прв застана на говорницата од редовите на СДСМ.

Богоевски иако се најде на листа на СДСМ во Собранието треба да делува како независен пратеник, претставник на граѓанскиот сектор.

Слично

Поврзани вести