Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павле Богоевски по констатираната оставка: Продолжувам како активист

Павле Богоевски по констатираната оставка: Продолжувам како активист

Павле Богоевски по констатираната оставка како пратеник во Собранието на Македонија на денешниот брифинг пред новинарите рече дека ќе продолжи да делува вонинституционално како активист.

- Борбата ќе продолжи. Јас не можам да молчам. Таа ќе биде вонинституционална и ќе продолжам со својот активизам - рече Богоевски.

За тоа дали ќе побара апанажа, наведе дека јавноста ќе биде известена за неговиот став понатаму. 

На почетокот ја искритикува ВМРО-ДПМНЕ дека се уште „му слугуваат“ на пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски, со тоа што пратениците од опозицијата го избегнале гласањето за одземањето на неговиот пратенички мандат така што политичкиот азилант самиот си ја поднел оставката.

- Нивниот став остана неискажан, а Мицкоски како и Груевски продолжува да се крие зад пратениците.Нели народот толку многу го сакаше. Оставија да зема плата шест месеци за скапи сместувања, ручеци, прошетки со бродови. Од денеска Груевски е само бегалец од правдата. Може да се врати само со лисици на рацете и добредојден ќе биде само во затвор, наведе тој.

Додаде дека, сепак, нема да ја оспорува одлуката на Собранието да му ја констатира оставката на Груевски без да има гласање.


Слично

Поврзани вести