Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павле Богоевски му се обрати на Апасиев за парите за партиите: А зошто не гласавте против?

Павле Богоевски му се обрати на Апасиев за парите за партиите: А зошто не гласавте против?

Пратениците на Левица не гласале ниту против ниту воздржано за измените на законот за финансирање на политичките партии, напиша поранешниот пратеник Павле Богоевски коментирајќи ја објавата на Левица од каде соопштија дека тие биле единствени што не кренале рака за парите да им бидат исплатени на партиите. Богоевски вели дека побрзале да се пофалат ама како што вели, како што секогаш е случајот со популистичките нарцисоиди на политичката сцена, Апасиев пропуштил да каже дека не гласале ниту против или воздржано, ниту пак дека демонстративно излегле од салата за да „не им дадат легитимитет на деструктивните политики на Заев“, како што тоа претходно го направиле.
Не, си седеа, си ќутеа, си ги земаа парите и потоа ломотеа по социјални мрежи како тие се демек бранители на работниците и на сиромашните граѓани бидејќи не гласале ЗА. Проблемот со вонинституционалните популисти е што можат да говорат буквално што сакаат, лишени од последиците и одговорноста на своето одлучување. Но, штом влезат во институциите, тие имаат одговорност која е поголема од било чија политичка кариера. Или, во случајов на Левица - желба за парички поголема од празните флоскули и устите полни пена и омраза, пишува Богоевски.
Тој додава дека е сигурен како поминува времето дека народните избраници на оваа партија која, вели, е без идеологија ќе имаат уште прилики да покажат дали позначајни им се вредностите кои ги пропагираат или личните интереси. 
„Граѓаните заслужуваат повеќе од твоите провидни финти, димче, напиша Богоевски.


Слично

Поврзани вести