Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павле Богоевски: И отпечатоците на личните карти се неквалитетни, системот никогаш нема да функционира

Павле Богоевски: И отпечатоците на личните карти се неквалитетни, системот никогаш нема да функционира

Активистот Павле Богоевски вели дека и отпечатоците при вадењето на личната карта како документ се неквалитетни, поради што системот за биометриско гласање никогаш нема да функционира како што треба.
„Системот со проверка на гласачи преку отпечаток од прст никогаш нема да функционира.

За да се направи споредба на отпечатокот, треба да имаш квалитетен спорен примерок (што го земаат при гласање) и квалитетен неспорен примерок (што го оставаш при вадење лична карта).

Едноставно, голем дел од отпечатоците оставени при вадењето лична карта не се доволно квалитетни за споредба. Затоа системот не може да ги пронајде, и никогаш нема да може“, реагира поранешниот пратеник.


Слично

Поврзани вести