Економија, финансии, бизнис

Контакт

Павле Богоевски: Гласот ЗА амнестијата е најтешката одлука која ја имам донесено во животот

Павле Богоевски: Гласот ЗА амнестијата е најтешката одлука која ја имам донесено во животот

Павле Богоевски, поранешниот пратеник и еден од вочариче на „Шарената револуција“, вели дека гласот кој го дал за амнестија за крвавите напади на Собранието на 27 април 2017 била негова најтешка одлука во животот, но како што вели тој, морал тоа да го направи за да се обезбедат 80 гласа за имплементацијата на Преспанскиот договор.

„Исто така, мораме да бидеме реални и за цената на политичките процеси поврзани со Преспанскиот договор. Да, цената беше висока. Но, не по македонскиот идентитет, народ или нација. Високата цена дојде со политичките компромиси кои мораше да се направат за да се обезбедат 80те гласа во Собранието. Со ударот врз борбата за некомпромисна правда без влијание на политички интереси. Без разлика што амнестиите за сите кои на 27ми април не беа вклучени во насилството и неговата организација се разликуваат квалитативно (законит, транспарентен и јавен процес), но и квантитативно (број на лица ослободени од прогон) од сите претходни политички компромиси - гласот ЗА амнестијата е најтешката одлука која ја имам донесено во животот. Но, знаете што? Без разлика на цената, повторно би го сторил истото. Продолжуваме напред, другари и другарки!“ напипа Богоевски на Фејсбук.

Во однос на евроинтеграциите, тој додава дека работата е далеку од завршена затоа што имплементацијата на Договорот со Бугарија веќе, според поранешниот независен пратеник, наишол на првите пречки, а и имплементацијата на договорот со Грција нема воопшто да оди лесно - посебно кога ќе започнат процесите на евроинтеграција.

„Но, дали тоа значи дека комплицираната имплементација го понишутва огромниот бенефит на овие процеси? Никако. Тоа што денес се очигледни разликите со нашите соседи, не значи дека претходно не постоеја. Само што, не се разговараше за нив. Сите Влади, која како ќе дојдеше, само долеваа масло во огнот бркајќи ефтини политички поени и експоненцијално влошувајќи ја работата. Сега тие разлики се на отворено, а ограничувањата врз нашата држава се отстранети и ние, сакале опонентите да признаат или не, цврсто чекориме напред“, смета Богоевски.



Слично

Поврзани вести