ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ: Да ги прашаме работниците кои јадеа ќотек од вмровски газда дали им е битно кој го врати ВМРО
Поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски, реагира на некои постапки кои се случуваат откако опозицијата освои победа на локалните избори.
Тој преку својот фејсбук профил прашува дали на рабнотниците, кои, како што вели, јаделе ќотек од вмровски газда, им е битно кој го вратил ВМРО.
"Не, ВИЕ го вративте вмро!!!"
Според него, локалните избори особено за град Скопје секако дека имаат влијание и врз централното владеење.
„Многу е лесно да се правите генерал после битка. Заев претставува нов бренд на политичар на Балканот, претставува човек што испорачува тоа што ќе го најави“, коментира Боегоевски.
Тој вели дека веќе започнале одмазди на локално ниво против луѓето кои биле вработени во време на претходната власт.
„Во четврток никој не може да каже што ќе се случува, од искуство кога станува збор за ваквите напнати ситуации неизвесноста ќе трае до последната секунда“, вели Богоевски.
