Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пауновски позитивен на ковид: Ноќта ја поминав со висока температура и грозница

Пауновски позитивен на ковид: Ноќта ја поминав со висока температура и грозница

Првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, кој е заразен со корона вирусот и во моментов е во самоизолација, односно на домашно лекување, за Фактор изјави дека ноќта ја поминал во тешка состојба со висока температура, а од утринава, е подобар.

-Што да кажам, многу тешко било. Во текот на ноќта температурата ми беше доста висока, 38,2 а еве од сабајлево само 35. За среќа, и ќерката ми е докторка, па ме следи. Веднаш се јавив, однсоно отидовме во Клиниката за инфективни болести, ми дадоа антибиотска терапија, сумамед и панцеф, а сега за сега сатурацијата ми е добра. Така велат докторите. Имам сатурација 97. Да бидам искрен, на толку чување, еве и јас се заразив. Пазете се, чувајте се сите, воопшто не е лесно, изјави за Фактор, директорот на ДПИ, Пауновски.

Инаку, тој уште синоќа на својот профил на Фејсбук профил информираше дека е позитивен на корона вирусот, но напиша дека нема симптоми. 

Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките уште од самиот почеток, вечерва добив позитивен резултат за Covid 19. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Посакувам брзо оздравување на сите заболени граѓани и негативен тест на сите кои се во самоизолација. Чувајте се!, напиша во својот пост Пауновски.
А.Б. 

Слично

Поврзани вести