Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пауновски: Ќе се извинам доколку следниот директор може да ги прими „рамковните“

Пауновски: Ќе се извинам доколку следниот директор може да ги прими „рамковните“

Не сум кавгаџија, ниту националист, ќе се извинам доколку следниот директор може да ги прими „рамковните“, изјави поранешниот директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски за емисијата „24 анализа“. Го радува фактот дека многу луѓе му дале поддршка. 

Вели тие морале да преземат нешто, не да се спротивстават, туку да се објасни дека сето тоа не можеле да го спроведат со менаџерскиот тим. 

„На обвинувањата дека не сум ги примил затоа што биле Албанци, велам дека не сум националист, живеам и работам со нив и во самиот менаџерски тим имавме и Албанци. Не сакам да се остави впечатокот дека сум кавгаџија“, објасни Пауновски. 

Токму поради тоа што одби да ги прими овие лица, Владата го разреши од функцијата. Вработени во инспекторатот потпишуваа петиција за негова поддршка. 

Владата назначи нов директор на Државниот пазарен инспекторат. 

На предлог на Комисија за именување, Владата  ја именуваше Анета Симеска Димоска за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат. 

Слично

Поврзани вести