Пауновски: Инспекторите не можат да казнуваат врз основа на видеа на социјални мрежи
Стојко Пауновски, директорот на Државниот пазарен инспекторат, денеска во Тетово порача дека инспекторите во моментов не можат да ги санкционираат организаторите на жирки и собири врз основа на фотографии и видео-материјали објавени на социјалните мрежи.
- Ако дозволи Владата и ако направи закон да можеме врз основа на слики и видео-снимки да казнуваме, ние сме тука, меѓутоа надлежноста на иснпекторатот е да самиот воочи и затекне она што значи нарушување на законите и законските прописи. Нашата надлежност е она што ќе фатиме на лице местои, во спротивно ќе треба да се расправаме со адвокати, рече Пауновски, одговарајќи на новинарско прашање.
Првиот човек на ДПИ додаде дека контролите за новогодишната ноќ ќе продолжат како и до сега, а поголемиот дел од инспекторите ќе бидат ангажирани до доцна.
