ПАУНОВ ДО СПАСОВСКИ: Со вакви изјави на министер, нервоза и потење пред камерите, граѓаните не се чувствуваат безбедни во Карбинци
Вчера градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов алармираше дека во основно училиште во општината имало обид за киднапирање на деца, на што синоќа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кажа дека се работи за собирање на политички поени на мртви души.
На ова обвинување денеска одговори градонаначалникот.
„Ниту една закана од страна на министерот Спасовски, ниту една закана од страна на доушниците кои ги испраќате нема да не исплашите да реагираме на вакви непосакувани ситуации. Моја грижа се жителите на мојата општина Карбинци, децата во училиштата, градинката и секој граѓанин во оваа општина! Политиката да ја тргнете надвор од реалната ситуација, а безбедноста да ја подобрите во интерес на сите граѓани. Кога имате пријава од страна на директор на училиште и градоначалник на општина со индиции за ваков случај ова треба да биде сфатено и постапено со најсериозен пристап. Со вакви изјави на министер, нервоза и потење пред камерите, граѓаните не се чувствуваат безбедни во Карбинци“, пишува градоначалникот.

Инаку, полицијата соопшти вчера дека се работело за покана за кафе за девојче кое учи во училиштето.
фото Фејсбук
