ПАТУВАЛЕ СО ФАЛСИФИКУВАНИ ЗЕЛЕНИ КАРТИ - уапсени жители на Турција на Деве Баир
Министерството за внатрешни работи објави дека двајца турски државјанин се уапсени на Граничен премин Деве Баир бидејќи на увид приложиле фалсификувани зелени карти за возилата кои ги управувале.
- На 02.09.2025 во 20:10 часот и на 03.09.2025 во 00:10 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Ш.А.(46) и Џ.К.(39), двајцата од Република Турција. При гранична проверка и контрола на товарно возило „даф“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал Ш.А., било констатирано дека меѓународните зелени карти, кои ги дал на увид, биле фалсификувани.
Исто така, при гранична проверка и контрола на товарното возило „рено“ со турски национални ознаки, кое го управувал Џ.К., било констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта - соопштуваат од МВР и додаваат дека лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
