Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАТУВАЈТЕ СО ЗИМСКА ОПРЕМА: Утринска состојба на патишта

ПАТУВАЈТЕ СО ЗИМСКА ОПРЕМА: Утринска состојба на патишта

Забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар од утринава е укината покажуваат последните информации на Авто-мото сојузот ажурирани пред околу еден час.

Во моментов забрана за движење на тешки товарни возила има на крак Маврово – Дебар, како и на патниот правец Прилеп – Витолиште каде што сообраќајот е дозволен само за лесни возила, со задолжителна употреба на зимска опрема. 

Поради врнежи од снег и утринава патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце се затворени за сообраќај.

Возачите посебно да внимаат на клисурите и засеците каде што е можна појава на помали одрони.

Посебно да се внимава на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково. 

Сообраќајот на речиси сите  патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозите.

Слично

Поврзани вести