ПАТРИК МАРТЕНС ОД ГЕРМАНСКАТА КОМОРА: Северна Македонија троши двојно повеќе струја отколку што произведува
Северна Македонија влегува во енергетска криза. Земјата во моментов троши двојно повеќе електрична енергија отколку што произведува и црпи струја од европската мрежа за да ги задоволи дневните потреби.
Ова во својата изјава до медиумите го кажува Патрик Мартенс, Директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава.
Според него, државниот оператор за пренос на електрична енергија, МЕПСО, досега доби четири предупредувања за ненајавен упад во европската мрежа. Поради тоа Владата во вторникот прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена. Македонските производни компании се загрижени поради претстојната енергетска криза, но и поради последиците кои ќе ги предизвика недостигот на струја.
Инсаку, од 22 до 26 ноември годинсава Германската стопанска комора ќе биде домаќин на виртуелно делегациско патување на тема „Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во згради во Северна Македонија и Косово“. За време на стручната конференција која ќе се одржи во виртуелен формат на 23 ноември 2021 година, германските компании ќе имаат можност да ги претстават своите производи и услуги „Made in Germany“ пред претставници од бизнис заедницата, политиката и стручни здруженија од Северна Македонија и Косово. Програмата вклучува интензивна подготовка на компаниите-учесници за пристап на пазарот во Северна Македонија и Косово, а ќе информира и за перспективите за развој на пазарите.
