Патот Удово – Валандово повторно отворен за сообраќај
Сообраќајот на патниот правец Удово - Валандово е нормализиран, соопшти Авто Мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин утрово поради излевање на Калковска Река на коловозот.
Имено од 05:25 часот беше воведена забрана за сообраќај, и автомобилите се пренасочуваа кон патниот правец село Марвинци – Валандово.
Поради стабилизирање на состојбите, патот е повторно отворен.
Извор и Фото: МИА
Слично
