Економија, финансии, бизнис

Контакт

Патот кон Теферич останува оштетен до недоглед, Кисела Вода се уште собира пари

Патот кон Теферич останува оштетен до недоглед, Кисела Вода се уште собира пари

Патот кој води кон скопската населбата Теферич со години стои раскопан, со дупки и прокопи, а дополнително за сообраќај отежнува и поставената сигнализација. Општина Кисела Вода повремено со градежни интервенции пробува да ги подобри условите, но за долгорочно решение од таму велат дека се потребни многу пари.

Жителите на Кисела Вода и Сопиште секој ден возат по дупки и прокопи. Дополнителен проблем е свлечиштето кои е на дел од патот, па при секој дожд, земја и камења паѓаат на патот. Граѓаните велат дека трпат сериозни штети на возилата и дека се чувствуваат небезбедно.

Од општина Кисела Вода ни одговорија дека во моментов се подготвува техничка документација за зашита на свлечиштето поради кое патот кон Теферич е оштетен. Велат дека се работи за комплексен проект кој опфаќа изградба на атмосферска мрежа за прифаќање на атмосферските води како заштита на свлечиштето и изградба на потпорни ѕидови од двете страни на патот. 

„По изготвувањето на документацијата ќе се знае и точната сума која ќе биде потребна, па ќе може да се пристапи кон креирање на финансиска конструкција за решавање на овој повеќедецениски проблем,  за што дополнително ќе ја информираме јавноста.

Со оглед на тоа што очекуваме сумата да биде висока, Општина Кисела Вода во моментов се обидува преку најразлични меѓународни фондови и организации да обезбеди финансиски средства“, се вели во одговорот на општината.


Слично

Поврзани вести