(ОБНОВЕНО) ПАТОТ КОН СТРАЖА ПРООДЕН - Проблеми на повеќе места, граѓаните иронично коментираат (ВИДЕО)
Сообраќајот на превојот „Стража“ во моментот е во прекин заради попречено возило на патот кај „Тајмишка Раскрсница“.
Исто така, сообраќајот на патниот правец Ресен-Битола се одвива отежнато поради наноси од снег.
- Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека поради попречено возило на патот кај „Тајмишка Раскрсница“ кон превојот „Стража“ во моментот патниот правец е во прекин, при што се создаваат колони со возила. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта работата на расчистување на патниот правец на превојот „Стража“ - соопштуваат од ЦУК.
Од оваа институција исто така додаваат дека од регионалниот ЦУК Битола, добиле известување дека сообраќајот на патниот правец Ресен-Битола се одвива отежнато поради наноси од снег и дека имало повеќе возила кои се лизнале од патот.
- Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта и на овој патен правец работеле за расчистување на наведениот патен правец - посочуваат од ЦУК.
Исто така проблеми се појавија и на патот Крива Паланка - граничен премин „Деве Баир“.
Имено, по 16:30 часот, патниот правец Крива Паланка - граничен премин „Деве Баир“ е затворен за тешки товарни возила, според известувањето на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Граѓани кои се заглавени на „Стража“ споделуваат видеа од состојбата на терен и иронично коментираат дека „традицонално“ годинава снегот повторно ги изненади службите задолжени за рачистување.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
