Патот до граничниот премин Јажинце е прооден
Патот до граничниот премин Јажинце кој што беше затворен поради пожар, е прооден а пожарот е ставен под контрола.
„Во гаснењето беа вклучени противпожарните екипи од Тетово, специјализираните возила на Дирекцијата за заштита и
спасување, како и воздушна поддршка од авион „Ер Трактор“ и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.
Навремената интервенција овозможи ограничување на ширењето на огнот и заштита на инфраструктурата и имотот на
граѓаните“, велат од ЦУК.
И натаму е активен пожарот кај Јасен.
фото ЦУК
Слично
