Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАТНИК РАСКАЖА: Се потрудив да скокнам кај возачот, да му помогнам да го држи правецот

ПАТНИК РАСКАЖА: Се потрудив да скокнам кај возачот, да му помогнам да го држи правецот

Eден од патниците кој ја преживеа тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово за телевизија Клан раскажа дека пред да се случи несреќата почувствувал дека нешто се случува. Патникот изјавил дека првично слушнал врева внатре во автобусот и потоа возачот ја изгубил контролата и излетале од патот.

„Нешто почна да тропа и забележав дека нешто не е во ред. Станав и си помислив да не заспал возачот или нешто друго се случува. Го видов возачот, беше стегнат зад воланот и се потрудив да скокнам кај него, да му помогнам да го држи правецот, но во тој момент го изгуби правецот и помина на другата лента, на правецот Тетово – Скопје. За среќа немаше други возила на другата лента и само се стегав за седиштето. Само го паметам моментот кога автобусот се судри со асфалтот и кога застана излегов преку прозорот. Имам повреда само на едната рака“, изјави Бејтула Нухиу за телевизија Клан.

Во несреќата загина 14 луѓе. 

Слично

Поврзани вести