ПАТНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ВО КАРАНТИН ВО ХРВАТСКА: Задолжителен од денеска
Граѓаните на Македонија кои ќе патуваат во Хрватска треба да знаат дека задолжително ќе бидат ставени во две неделна изолација. Хрватската влада одлучи повторно да ги воведе ваквите мерки за сите лица кои планираат да престојуваат во нивната земја од четирите балкански земји, односно од Македонија, Србија, Кососво и БиХ, особено по разгорувањето на епидемијата во овој дел на регионот.
Одлуката за задолжителен карантин нема да важи само за оние кои минуваат низ Хрватска, односно транзитираат. Хрватските граници се отворени од крајот на мај, но поради се поголемиот број на новозаразени од Ковид-19, Кризниот штаб во земјата одлучи да има крантински мерки за четирите балкански држави.
Слично
