Економија, финансии, бизнис

Контакт

Патници повредени, влетал во спротивна лента кај Стража

Патници повредени, влетал во спротивна лента кај Стража

Возач влетал во спротивна лента во близина кај местото Стража и предизвикал директен, а потоа и верижен судир по што патниците од три возила се здобиле со повреди.

Сообраќајната несреќа се случила на патот Гостивар – Дебар на неколку стотини метри пред клучката која води кон Маврово. 

Според очевидци до несреќата дошло откако од засега непознати причини возилото што возело кон Гостивар влегло на спротивната коловозна лента и директно удрило во првото возило. На овие две возила налетало и трето кое што се движело кон Кичево. 

Засега нема информации за нивото на тежината на повредите.

Слично

Поврзани вести